| контакт | маркетинг

30.07.2017

Историја: Шестта светска сила!

Младинската репрезентација го освои шестото место на СП У21 во Алжир, со што го постигна најголемиот успех на мундијалите на еден наш национален тим

Македонија е шестта светска ракометна сила во конкуренција до 21 година! Селекторот Илија Темелковски одново како претводник на една генерација пишува историски успех, сличен на оној пред 15 години на Европско првенство кога го освоивме 4 место. Сега генерацијата на Талески, Кузмановски, Нелоски... се одјавува како шестти тим на светот, што воедно е најголемиот успех на мундијалите на еден наш национален тим (претходно тој примат го држеа жените со 7 место на СП 1997).

Македонија со 26:22 (14:11) го загуби мечот за 5. место од Унгарија.Македонија имаше одлично отворање на мечот (2-0) по двата гола на Нелоски, а потоа Талески и Кузмановски ја донесоа и најголемата предност (7:5). Унгарија се врати со серија од 4-1 (8:9) за првпат да поведе во средината на полувремето. Талески изедначи на 9:9, но следеше апстиненција од шест минути без погодок што овозможи противникот да направи предност од највисоки 9:13 во пресрет на финишот. Голманот на Унгарија ни правеше сериозни проблеми, додека на спротивната страна и Томовски беше одличен, но нападот не функционираше според посакуваното. На полувреме заминавме со негатива од 14:11.
Унгарија таквата разлика ја одржуваше константно во вториот дел. Дури и во моментите кога имавме реална шанса да направиме нешто (напад за еден разлика, 12:14 и играч повеќе), но наместо да нападнеме, ние си дозволивме технички грешки и две контри во низа за противникот и нова највисока разлика +4 (12:16).
Се почувствува во играта на Македонија дека момците се веќе истрошени, дека желбата и силата се две различни нешта. Затаи свежината и во одбраната и во нападот, Томовски блескаше на голот, но немаше поддршка, па така на крајот остана Македонија да се радува на шестото место.
Поразот не боли, затоа што и во овој пораз младинците испишаа историја!



Датум: 30.07.2017, 15:34
Статијата е прочитана 2701 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense