| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

13.01.2018

Ракометна треска во Македонија

По фантастичната победа над Словенија на Европското првенство завладеа вистинска еуфорија во Македонија. Ракометарите одиграа храбро и ја изненадија силната Словенија, а притоа ни ги стоплија срцата во овие зимски денови.

 Социјалните мрежи експлодираа вечерва. „Фрчат“ честитки, поздрави „зачинети“ со фотографии од ракометните херои но и желби за уште победи и голем успех на овој европски шампионат. Ракометарите знаат дека зад себе имаат верна публика и огромна поддршка.
Почетокот е одличен, но да не застанеме тука. Одиме на победа над Црна Гора и на сензација против Германија. Да покажеме дека не сме дојдени само да бидеме декор на  шампионатот, туку дека сме подготвени да се бориме за висок пласман.
Напред Македонија!




Датум: 13.01.2018, 22:31
Статијата е прочитана 1719 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense