| контакт | маркетинг
ТЕНИС

16.05.2017

Нема Ролан Гарос за Маша!

Марија Шарапова нема да добие вајлд-карта за настап на Ролан Гарос, откако Француската тениска федерација реши дека двократната шампионка не заслужува слободен влез по допинг-суспензијата

30-годишната Русинка е само на 211. место на ВТА-листата, со што нема доволен пласман за настап на турнирот откако во април се врати од 15-месечната суспензија за позитивен допинг-тест. Таа се надеваше дека ќе добие вајлд-карта за настап на главниот турнир или во најлош случај вајлд-карта за квалификациите.
„Ако има вајлд-карти за враќање по повреда, не може да има вајлд-карта за враќање од допинг“, изјави претседателот на Француската тениска федерација, Бернар Жудичели.



Датум: 16.05.2017, 19:40
Статијата е прочитана 728 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
25.09.2017
25.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense