| контакт | маркетинг
КОШАРКА

08.09.2017

МЗТ Скопје со победа за крај

Кошаркарите на МЗТ Скопје во третиот меч дојдоа до првата победа во контролните средби пред новата сезона, откако денеска, во Истанбул, го совладаа турскиот второлигаш Бакиркој баскет со 92-72.

Тоа беше претерано нервозен пријателски меч, за што највиновна беше судиската тројка, која имаше голем број лоши одлуки, од кои најголем дел беа против македонскиот шампион. Каков беше нивниот критериум говори и фактот што двајцата центри во нашиот тим, Бојан Трајковски и Даниел Џенсен уште по првото полувреме имаа по четири прекршока.
Ваквото судење беше причина што домаќинот речиси три четвртини имаше резултатска изедначеност, а често пати беше и во водство. Големата разлика во квалитет, сепак, дојде до израз во последните десетина минути, кога „металците“ наврзина дојдоа и до плус 15 (78-63) што им беше доволно за „сефте“ триумф во досегашниот дел од подготовките.
Дамјан Стојановски беше убедливо најдобар во МЗТ Скопје Аеродром со 23 постигнати поени, а добра офанзивна партија прикажа и Даниел Џенсен со 20 поени. Брет Бејли застана на 12 поени, а Адем Мекиќ и Бојан Трајковски реализираа десет односно осум поени.
Сино-белите веднаш по мечот се враќаат во Македонија, каде што во понеделник накусо ќе продолжат со тренинзи пред заминувањето на нова мини-турнеја, овој пат во Бугарија и Романија каде што ќе ги одмерат силите со Левски, Лукоил Академик и двапати со Крајова.

Бакиркој баскет - МЗТ Скопје Аеродром 72-92 (23-24, 25-25, 15-21, 9-22)
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Гарсија 9, Стајиќ 2, Бејли 12, Мекиќ 10, Стојановски 23, Митев, Пенов 7, Маслинко 1, Мамузиќ, Тодоровски, Трајковски 8, Џенсен 20.



Датум: 08.09.2017, 16:39
Статијата е прочитана 315 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense