| контакт | маркетинг

02.07.2017

Маркез „царуваше“ во Германија

Марк Маркез стигна до осма победа во низа на Германското ГП, победувајќи го локалниот возач Јонас Фолгер за да го преземе водството во генерален пласман

Маркез водеше од пол-позицијата, но мораше да се брани од фантастичниот Фолгер (Тех 3 Јамаха) во последните кругови, и да го помине во финишот за одлична победа. Подиумот го комплетираше вториот возач на Хонда, Дани Педроза, додека по него следуваа возачите на Јамаха, Маверик Вињалес и Валентино Роси.
Во генерален пласман повторно е интересно. Маркез е новиот лидер со 129 поени, само 5 повеќе од Вињалес со 124, додека трет е Довициозо со 123 поени. Валентино Роси е четврти со 119 поени, а и Педроза е во игра за титулата со 103 поени.



Датум: 02.07.2017, 15:02
Статијата е прочитана 851 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
21.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense