| контакт | маркетинг
ТЕНИС

14.08.2017

Зверев го надигра Федерер во Монтреал

Александер Зверев го изненади освојувачот на 19 гренд слем титули, Роџер Федерер со победа во два сета за да стигне до титулата од Мастерсот во Монтреал и да се промовира во вистинска ѕвезда пред УС опен

20-годишниот Германец благодарение на неговиот фантастичен сервис стигна до 6:3/6:4 победа во меч во кој Швајцарецот не успеа да се врати во игра.
„Се обидов да бидам најагресивен што можам. Ако му дозволите на Роџер да ја диктира играта со форхенд, тогаш не можете да играте“, вели Зверев, кој со ова се одмазди за 6:1/6:3 поразот од Федере во финалето во Хале во јуни.
Зверев имаше шест аса и освои 80 отсто од поените на прв сервис во доминантната победа од само 68 минути.
„Ова е прекрасно остварување за него. Му посакувам многу успех и добар финиш на сезоната. Тој го крена нивото на својата игра, и тоа драстично“, вели 36-годишниот Федерер, за кого ова е само трет пораз во 2017.
Федерер уште нема одлучено дали ќе игра на Мастерсот во Синсинати оваа недела како последна подготовка за УС опен.



Датум: 14.08.2017, 08:29
Статијата е прочитана 900 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense