| контакт | маркетинг

29.03.2017

СВЕТСКО А НАШЕ: Иџе го претстави „миленичето“ за ЕТЦЦ титула (ФОТО)

„Оваа сезона ќе имам еден поинаков автомобил, каков што доликува на сите шампиони и се надевам дека ќе не служи“ се зборовите на Стефановски

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе го презентираше својот нов автомобил, но и клубот АКК „Стефановски“ со кои ќе настапат во новата ЕТЦЦ сезона. На вчерашната свеченост во „Телеком“ зградата, Македонецот го го најави својот настап, но, и напад на титулата во овој шампионат. Автомобилот „Сеат Леон“ кој е со последна каросерија, односно донесен пред само неколку недели ќе биде новото „милениче“ на „летечкиот“ Македонец.

„Фала на сите тие што ми овозможија да возам за македонски тим. Луѓето од клубот, тимот што е околу мене и секако спонзорите кои ми дадоа шанса да настапуваме на ова елитно првенство. Оваа сезона ќе имам еден поинаков автомобил, каков што доликува на сите шампиони и се надевам дека ќе не служи. Набавен е пред неколку недели, тоа е последната спецификација која што е излезена. Сакам да им се заблагодарам на сите поддржувачи. Иако ќе биде тешко, бидејќи за прв пат ќе излеземе вака во ЕТЦЦ, со нов тим, сепак мислам дека ќе им зададеме големи главоболки на останатите натпреварувачи“ изјави Стефановски.

Како и што доликува, на презентацијата присуствуваа голем број на личности од македонската јавност кои дојдоа да му дадат поддршка на Иџе.



Датум: 29.03.2017, 21:53
Статијата е прочитана 2672 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense