| контакт | маркетинг
КОШАРКА

18.04.2017

Марјан Лазовски е нов селектор на сениорките

Марјан Лазовски е назначен за нов селектор на сениорскиот национален тим во женска конкуренција.

За искусниот стратег ова ќе биде ново искуство во професионалната кариера, за првпат ќе биде тренер на еден женски тим. Лазовски пет години беше и дел од стручниот штаб на машката репрезентација, која ја предводеше како селектор во 2012, на Олимписките квалификации во Венецуела.

„Досега не сум работел во женска кошарка, но според мене разлика во машката и женската кошарка не постои. Мислам дека имаме солиден состав, девојките се подисциплинирани, поисполнителни и поработливи. Најпрвин мислам дека треба да направиме одлична атмосфера, а потоа верувам дека ќе следат и добри игри. Со дисциплина и добра игра, нема да изостанат и резултатите, тоа е сигурно. Турнирот ќе ни служи за проверка на силите по три години пауза, а во квалификациите ќе влеземе без оптеретување за задолжителен пласман на Европското првенство", се првите импресии на Марјан Лазовски по назначувањето.

Првиот собир сениорките ќе го одржат на 26. мај, во Скопје како дел од подготвителниот период во пресрет на почетокот на квалификацискиот циклус (ноември, 2017 година).

Македонската кошаркарска федерација ќе биде домаќин на турнир „Трофеј Македонија" во женска конкуренција каде покрај Македонија учество ќе земат националните селекции на Бугарија и Босна и Херцеговина.

По три години отсуство од кошаркарската сцена во целост, МКФ одново го активира сениорскиот национален тим во женска конкуренција пријавувајќи ги сениорките за квалификациите за Европското првенство закажано за 2019 година.



Датум: 18.04.2017, 14:44
Статијата е прочитана 745 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense