| контакт | маркетинг

21.03.2017

Различни прогнози за шансите на Ферари

Марио Исола, новиот шеф на Пирели мотоспорт, верува дека Ферари се подготвени за враќање на победите оваа сезона, откако Скудерија завршила добра работа во интегрирањето на новите регулативи и користењето на пошироките гуми

„Не знам многу, но јасно е дека Ферари се во добра форма. Нормално е да не се видат сите работи на тестирањето, но во Барселона сите заклучија дека тие се многу силни. Јас искрено би сакал да видам комплицирана борба за шампионатот, не само со Ферари, туку со Ред Бул и дури со Вилијамс“, вели Исола.
Неговите коментари доаѓаат откако асот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги оцени Ферари како најбрзи на тестирањето во Барселона, додека од италијанскиот тим имаше „блокада“ на информации со многу малку најави за сезоната.
Со нив не се согласува поранешниот шеф на Рено, Флавио Бриаторе, кој не верува дека Ферари имаат најдено победничка формула толку бргу. Тој вели дека најмногу би сакал италијанскиот тим да ги „исплаши“ Мерцедес, но додава дека „Сребрената стрела“ е многу напред.
„Не го делам оптимизмот околу Ферари. Сфаќам дека по тестот во Барселона очекувањата се големи, но не верувам во тие резултати. Не можам да ги замислам Мерцедес зад Ферари со разликата која ја имаа во ноември. Германците ја кријат својата форма. Би бил задоволен со побалансиран шампионат, со конкуренција меѓу повеќе тимови“, вели Еклстоун.

 



Датум: 21.03.2017, 16:13
Статијата е прочитана 606 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense