| контакт | маркетинг

15.05.2017

Два чекори напред за Ѓорческа

На најновата листа, Ѓорческа се најде на 180 место во сингл, додека во конкуренција на двојки таа е под број 130

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа напредок во двете конкуренции, со што ги забележа новите рекорди, на најновата ВТА листа. Во трката за обезбедување на што подобар ранкинг за претстојните квалификации за Ролан Гарос, нашиот рекет се најде под број 180 со 300 поени, а тоа значеше минимално подобрување од едно место во однос на минатата недела.
Опстанувањето на оваа бројка на поени за Лина дојде благодарение на добро одиграниот фјучр турнир во Рим, каде што успеа да стигне до полуфиналето.
Во конкуренција на двојки, пак, Македонката се позиционираше како 130 рекет во светот и тоа со 580 поени. Тоа е плус од две позиции во однос на минатата недела.
Ѓорческа оваа седмица ќе одмара од натпреварувањата и полека ќе се фокусира кон квалификациите за вториот гренд слем сезонава во Париз, каде што посакува успешно минување низ нив и пласман на главниот дел од турнирот.



Датум: 15.05.2017, 13:41
Статијата е прочитана 633 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
29.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense