| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

12.01.2018

Србија ја почувствува вардаровата сила

Циндриќ, Карачиќ и Чупиќ ја предводеа Хрватска до триумф во балканското дерби во преполната „Спаладиум“ на отворањето на ЕП во Сплит

Репрезентацијата на Хрватска, организаторот на Европското првенство имаше фуриозен почеток на континенталниот собир во Сплит, со победа,32:22 (14:9) во балканското дерби со Србија. Тимот на Јовица Цветковиќ ја почувствува вардаровата сила со оглед на тоа дека тројцата „црвено-црни“ ракометари, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ и Иван Чупиќ, ја предводеа репрезентацијата во првата победа на првенството. Нивниот клупски соиграч Мијајло Марсениќ беше немоќен да се спротивстави и да приреди уште една сензација во Сплит и да ја замолкне преполната „Спаладиум“ арена која беше главната движечка сила на Хрватска.
Главната разлика тимот на Лино Червар ја направи во финишот на првото полувреме, кога од само еден позитива, 10:9, искористија четири контра-напади во низа за да го неутрализираат противникот. Одличена поддршка „коцкестите“ имаа од голманот Мирко Алиловиќ, кој само даде дополнителен импулс во нападот, а беше избран и за МВП на натпреварот.
Се до крајот беше рутина, а Хрватска без проблеми го реши соседот.

Дувњак не го заврши мечот
Средниот бек на Кил, Домагој Дувњак не го заврши натпреварот против Србија, откако на три-четири минути до крајот легна на паркетот, побара лекарска интервенција, а потоа и на раце од лекарскиот тим беше изнесен од теренот. Дувњак, кој штотуку закрепна од повредата на коленото со грч го напушти натпреварот, а тоа фрли комплетна сенка на победата над Србија. По мечот селекторот Лино Червар изјави дека се работи за повреда на мускулот на ногата и дека неговиот настап на ЕП е под знак прашалник.

 

Сензација од Исланд
Првото изненадување на ЕП го приреди Исланд во групата А во Сплит, кој во премиерниот меч со 26:24 (15:8) ја победи фаворизираната Шведска. Натпреварот на кој правда делеа македонскиот арбитри Начевски - Николов беше решен уште во првото полувреме, со оглед на тоа дека Исланд влезе агресивно и без респакт и уште во првите 30 минути го реши ривалот.
Уште една репрезентација која изненади на стартот е Белорусија, која со 27:26 (14:12) ја совлада Австрија во групата Б, додека Франција со пресврт дојде до минимална победа 32:31 (15:17) над Норвешка.

 



Датум: 12.01.2018, 22:12
Статијата е прочитана 593 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
17.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense