| контакт | маркетинг
ТЕНИС

08.08.2017

Федерер не сака кучиња!

Роџер Федерер секогаш имал имиџ на „совршен“ спортист за кого никој не може да најде некоја мана. Сепак, маната постои - тој не сака кучиња!

За прославата на неговиот 36. роденден, неговиот спонзор и производител на рекети „Вилсон“ му приреди изненадување - тренинг со неколку мали кучиња. Меѓутоа, на Федерер ова не му се допадна.
„Секогаш сум имал само мачки“, вели Федерер.
Тој дури беше исплашен од едно мало куче, пред да признае дека би можел да го чува најдобриот пријател на човекот.
„Можеби сакам кучиња, но не сум поминал многу време со нив. Со цело патување последните 20 години беше тешко да имам миленичиња“, вели Федерер.



Датум: 08.08.2017, 15:46
Статијата е прочитана 1330 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense