| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

13.09.2017

ЛШ: „Граѓани“ маршираа низ Ротердам

Фантастичен старт на Манчестер сити, Роналдо се врати со два гола, Бешикташ славеше во Порто...

Манчестер сити дојде во Ротердам и како ураган помина преку Феенорд и си замина дома. Момците на Пеп Гвардиола за 45 минути го демолираа противникот и му дадоа до знаење дека нема на што да се надева на овој натпревар. Конечниот резултат гласеше 4:0 во корист на англискиот тим.
Во првите 25 минути веќе беше 3:0 за „граѓаните“ и победникот веќе беше решен. А само четири тимови стигнувале до 3:0 побрзо од тимот од Манчестер (Борусија Дортмунд, Барселона, Марсеј и Лион).
Џон Стоунс двапати ја гаѓаше мрежата на домашните, а погодија уште Агуеро и Жесус. Дефанзивниот ред на Феенорд воопшто не функционираше што воедно беше причината за убедливиот пораз на стартот на ЛШ.

ТОТЕНХЕМ ГО РАЗБИ МАЛЕРОТ
„Вембли“ минатата сезона беше баксузен за Тотенхем, меѓутоа клубот синоќа покажа дека стадионот не им носи малер. На најголемиот англиски стадион, пред 67,340 гледачи падна Борусија Дортмунд. Хари Кејн постигна два гола во триумфот од 3:1.

РОНАЛДО СЕ ВРАТИ СО ДВА ГОЛА
Кристијано Роналдо се врати, Реал победува. Бранителот на европскиот трофеј со триумф ја почна новата кампања во ЛШ, а на „Бернабеу“ беше совладан АПОЕЛ со 3:0.
Роналдо ја начна мрежата на гостите уште во раната фаза од мечот, а потоа погоди и од пенал со што стигна до бројката од 92 гола во 89 меч во Лигата на шампионите. Португалецот постигнува барем по еден гол на сите први натпревари од групната фаза во последните шест сезони од најкомерцијалното клупско натпреварување. Третиот гол беше дело на Серхио Рамос, а тој беше негов прв со ножички. „Кралевите“ се соочија со пех затоа што Матео Ковачиќ се повреди и мораше да излезе од теренот.

ЛШ - 1.КОЛО

ГРУПА Е
МАРИБОР - СПАРТАК 1:1
Бохар 85’ - Самедов 59’
ЛИВЕРПУЛ - СЕВИЉА 2:2
Фирмино 21’, Салах 37’ - Бен Једер 5’, Кореа 72’

ГРУПА Ф
ФЕЕНОРД - МАН.СИТИ 0:4

Стоунс 2’, Агуеро 10’, Хесус 25’
ШАХТЈОР - НАПОЛИ 2:1
Тајсон 15’, Фереира 58’ - Милик 71’(п)

ГРУПА Г
РБ ЛАЈПЦИГ - МОНАКО  1:1

Форсберг 33’ - Тилеманс 34’
ПОРТО - БЕШИКТАШ 1:3
Тошиќ 21’(аг) - Талиска 13’, Тосун 28’, Бабел 86’

ГРУПА Х
РЕАЛ М. - АПОЕЛ 3:0

Роналдо 12’, 51’(п), Рамос 61’
ТОТЕНХЕМ - БОРУСИЈА Д. 3:1 
Сон 4’, Кејн 15’, 60’ - Јармоленко 11’

 



Датум: 13.09.2017, 22:50
Статијата е прочитана 283 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense