ДВАТА ПРЕТСТАВНИЦИ ВО ЧЕЛИНЏ КУПОТ

ЖРК Пелистер носител, Куманово во втор шешир

Двата македонски претставници во Челинџ купот во женска конкуренција Пелистер и Куманово се дел од 30-те екипи кои преку квалификациски двомеч ќе бараат место во осминафиналето од ова европско клупско натпреварување.

објавено: 10 јули 2018 - 17:00

Пелистер е меѓу носителите, односно ждрепката закажана за една недела во Виена ќе ја чека од првиот шешир. Куманово, пак, се најде во вториот шешир, а со оглед на тоа дека ждрепката нема полудиригиран карактер можно е нашите клубови да се соочат уште на стартот.

Шпанската екипа Рокаса поради високиот рејтинг има директен пласман во осминафиналето, додека останатите тимови ќе формираат 15 двојки кои преку двомечот (10/11 ноември, односно реванш 17/18 ноември) ќе ги дадат останатите учесници во следната фаза.

ЧЕЛИНЏ КУП ЖЕНИ 3. КОЛО

ПРВ ШЕШИР: Погон (Полска), Кока (Хрватска), Полати (Турција), Дамес (Холандија), Кристијанштад (Шведска), Пелистер (Македонија), Тун (Швајцарија), Алавариум (Португалија), Наиса (Србија), Азераил (Азербајџан), Истогу (Косово), Целје (Словенија), Валур (Исланд), Жалгирис (Литванија), Холон (Израел).

ВТОР ШЕШИР: Криваја (БиХ), ХИФК (Финска), Фемина Визе (Белгија), Касано Мањаго (Италија), Гомел (Белорусија), Лација Никозија (Кипар), Ла Сале (Малта), Ринкон Малага (Шпанија), Бјеловар (Хрватска), Анкара (Турција), Квинтус (Холандија), Боден (Шведска), Куманово (Македонија), Маио Ада (Португалија), Макаби Ришон (Израел).

Најново во Ракомет