ЗА РУСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВАРДАР Е ВТОРА ОПЦИЈА

ЖИТНИКОТ: Сакам да останам во Пик Сегед

„Има понуда од Вардар, но имам опција да ја продолжам соработката со Пик Сегед уште една година доколку сакаат и тие“, вели Русинот.

објавено: 17 јуни 2018 - 14:00

Рускиот репрезентативец Дмитриј Житников се најавуваше како големо засилување за македонскиот првак Вардар, но за средниот бек „црвено-црниот“ тим е втора опција. Според неговите изјави Русинот би сакал да остане во редовите на унгарскиот првак Пик Сегед.

„Имам понуда од Вардар, но уште сум под договорна обврска со Пик Сегед. Поточно во мојот договор стои опција да ја продолжам соработката на уште една година и доколку клубот сака да ме задржи подготвен сум да останам“, изјави Дмитри Житников.

Македонскиот првак Вардар засега нема потврдено ниту едно ново засилување, иако Сергеј Харбок го најави своето враќање во Скопје.

Најново во Ракомет