И ПОКРАЈ ЕЛИМИНАЦИЈАТА ВО БАРАЖОТ ЗА СП

Вујо останува селектор на Словенија

Словенците му веруваат и немаат намера да го сменат стратегот.

објавено: 14 јуни 2018 - 18:15

Веселин Вујовиќ останува селектор на Словенија и покрај тоа што репрезентацијата беше елиминирана од Унгарија во баражот за Светското првенство 2019 во Данска и Германија.

Словенците му веруваат, немаат намера да го сменат стратегот и потврдија дека соработката продолжува.

„Вујовиќ останува селектор. Разочарани сме што не успеавме да се пласираме на СП, но гледаме кон иднината и ќе се вратиме уште посилни", потенцира Фрањо Бобинац, првиот човек на Ракометната федерација на Словенија.

Вујовиќ можеби не заминува од клупата на Словенија, но со сигурност го напушта Копер, клубот кој го водеше изминатава сезона, а најавите се дека тој ќе го превземе кормилото на полскиот вице-првак Висла Плоцк следната сезона.

Најново во Ракомет