„црвено-црната“ доминација во Купот ја потврдија и дамите

Вардарки стигнаа до петтиот Куп трофеј во низа

Во финалето, фаворитките без поголеми проблеми со 46:24 го победија Металург

објавено: 20 мај 2018 - 14:36

Без никакви изнеадувања, ракометарките на Вардар го освоија Купот на Македонија во женска конкуренција. Во финалето, „црвено-црните“ дами немаа никакви проблеми и лесно со 46:24 славеа над Металург. 

За Вардар ова е шести Куп во клупската историја, а петти во низа. Уште од почетокот на средбата беше јасно дека Вардар нема да дозволи изненадување, па на полувреме фаворитот имаше водство од 19:12, кое беше зголемено во вториот дел и на крајот изразена со победа со речиси двојно дадени погодоци. 

Сара Ристовска е МВП на Купот на Македонија, додека Јована Мицевска од Вардар е прогласена за најдобар голман на Ф4 турнирот, а титулата за најдобар стрелец припадна на Теодора Керамичева. 

 

Најново во Ракомет