ПОРАНЕШЕН ЧЛЕН НА ПСЖ, ГУМЕРЗБАГ, ВЕЦЛАР, ГОРЕЊЕ...

Станојевиќ е новиот десен бек на Пелистер

Александар Станојевиќ е новиот бек во стројот на тренерот Јошко Петковиќ.

објавено: 18 јануари 2019 - 15:47

Леворакиот бек кој 2005-та година беше вицешампион на светот во Унгарија со тогашната Србија и Црна Гора.

Kариерата ја започнува во белградски Партизан од каде започнува неговиот поход во најсилните ракометни лиги во Европа бил член и на Гумерзбах, Вецлар, ПСЖ, Горење, настапувал и во Катар, Саудиска Арабија, Турција како и во матичната Србија.

Во Пелистер се обединуваат повторно со Реваз Чантурија каде беа соиграчи во Металург во 2008-мата и настапуваа во Лигата на Шампиони против европските гиганти Кил и Барселона.

Во дресот со државниот грб, Станојевиќ запиша 32 настапи, а последен пат беше повикан во 2017-та година кога селектор беше Јовица Цветковиќ за квалификациите за Европско првенство во Хрватска.

Најново во Ракомет