ИАКО СЛОВЕНИЈА НЕ ОБЕЗБЕДИ ПЛАСМАН НА СП 2019

ВУЈОВИЌ: Да навиваме за Македонија, Хрватска и Србија, тие се наши

Словенија беше елиминирана од Унгарија на патот кон мундијалот, но тоа не му пречи да екс-вардаровиот стратег и поранешен селектор на Македонија, да даде поддршка на своите.

објавено: 10 јануари 2019 - 10:00

Репрезентацијата на Словенија нема да биде дел Светското првенство во Данска и Германија кое стартува вечерва. Тие беа елиминирани од Унгарија во баражот, но за нивниот селектор Веселин Вујовиќ тоа е само чекор назад на патот кон поголем успех.

Не му пречи на екс-вардаровиот стратег и поранешен селектор на Македонија, да даде поддршка на своите од пред малите екрани.

„Ако за некого треба да навиваме тоа се Хрватска, Србија и Македонија, пред се тие се наши репрезентации и ракометот треба да се врати таму каде му е местото. Мислам дека ние од Југославија секогаш сме играле најдобар ракомет на светот", вели Вујовиќ во интервју за босанскиот портал „Ослободување".

Што се однесува до играта на Македонија на СП, популарниот Вујо вели дека се зависи од Кирил Лазаров.

„Подмладувањето на репрезентацијата е секогаш тешко и резултатот не може да се предиди. Иако е тешко, ако најдат добро решение за замена на Кирил Лазаров, тогаш Македонија ќе може многу и во следните години. Имаат млади крила, направија неколку млади бекови, само им фали играч на таа десна позиција. Доколку Кире го издржи темпото на првенството, голем број на натпревари за кратко време, тогаш Македонија може да одигра сериозен турнир", заклучува Вујовиќ.

Најново во Ракомет