НИКОЈ НЕ МИСЛИ НА РАКОМЕТ, НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Така е кај Хрватите: „Немаат состав за медал, нема еуфорија“

Хрватската репрезентација еден од главните фаворити во нашата група за пласман во следната рунда на Светското првенство не е во преден план во својата земја, како што тоа беше лани на ЕП....  

објавено: 8 јануари 2019 - 19:06

Во Хрватска нема еуфорија за Светското првенство кое за два дена стартува во Данска и Германија. Ниту во медиумите, ниту пак кај фановите на ракометот во оваа земја нема посебен интерес за Мундијалот. За разлика од минатата година на Европското првенство, Лино Червар и неговите избраници не се во центарот на вниманието.

„Точно е, во Хрватска нема еуфорија за ракомет. Во годините наназад кога играа ракометарите сите се беа на нозе, но сега е поинаку“, вели еден новинар од оваа земја.

Се зачудивме, па го прашавме која е причината... 

„Хрватска нема тим за медал, ова не е нашиот најсилен состав. Јас колку што сум информиран, нема да има многу новинари, максимум дали ќе дојдат тројца“.

За нас Македонците овој одговор беше шокантен. Ние едвај го чекавме јануари, бидејќи ракометарите се единствената причина поради која во нашата земја политиката е на последно место, а што се однесува до нивинарите, секогаш не има во голем број, ништо поразлично нема да биде ниту во Минхен. 

Но, од друга страна станува збор за земја која на спортски план е доминантна. Последен доказ за тоа е освоеното второ место на Светското првенство во фудбал во Русија.

„Сребрениот медал е врвот, но повторно ќе кажам доколку Хрватска имаше силен тим, приказната ќе беше поинаква. Но, да не заборавиме дека нашите момци ќе го дадат максимумот, сигурен сум во тоа. Ќе се обидат да и докажат на јавноста дека можат многу повеќе“.

Македонија и Хрватска силите ќе ги одмерат на 14 јануари. Претходно Раул Гонзалез и неговите избраници ќе се сретнат со Јапонија и Бахреин, а додека во последните два меча ќе одиграат против Шпанија и Исланд. 

Најново во Ракомет