ПО ТРИУМФОТ НАД ЈАПОНИЈА НА СТАРТОТ НА МУНДИЈАЛОТ

СТОИЛОВ: Не се залетуваме, имаме многу за играње на СП

„Делуваше релативно лесно, но не беше така како што изгледа. Задоволен сум, победивме. Треба да корегираме некои работи во одбраната во пресрет на натпреварите кои следат“, заклучи пикерот.

објавено: 11 јануари 2019 - 17:28

Играчот на натпреварот со Јапонија, Стојанче Стоилов, вели дека Македонија не се залетува затоа што има уште многу да игра на мундијалот.

„Не стартувавме со никаков грч, само не се залетавме. Одиме чекот по чекор, нема потреба да брзаме има многу да се игра на СП. Делуваше релативно лесно, но не беше така како што изгледа. Задоволен сум, победивме. Треба да корегираме некои работи во одбраната во пресрет на натпреварите кои следат“ вели Стојанче Стоилов и додава „Против Бахреин каде сме фаворити и се надевам дека ќе биде полесно за да може ние да одмориме, а дебитантите да почувствуваат како е да се биде дел од едно големо натпреварување“.

 

Најново во Ракомет