И тоа го дочекавме

СКАНДАЛ: За државната телевизија (МТВ 2), Стоилов е „играчот со број 5“

Скандалозно однесување на уредникот и коментатор на втората програма на националната телевизија на првиот меч на Македонија на СП.

објавено: 12 јануари 2019 - 23:06

И тоа го дочекавме! Сами против својата репрезентација. Срамно однесување на уредникот на спортската редакција на албански јазик во МТВ, Мустафа Адеми, во улога на коментатор на државната телевизија , кој на премиерата на македонската ракометна репрезентација, најдобриот играч на мечот со Јапонија, Стојанче Стоилов, цел меч го ословуваше со „играчот со број пет".

Крајно непрофесионално, срамно, скандалозно и чин без преседан кој МОРА да биде санкциониран од повисоките тела на државната телевизиска куќа.  

видео: infosport.mk

Најново во Ракомет