СЕЛЕКТОРОТ НЕ ДОЗВОЛУВА ДА НЕ ФАТИ ЕУФОРИЈА

Раул: Среќни сме, но Јапонија мора да ја заборавиме...

Првата пречка на тешкиот пат до место меѓу првите три екипи е совладана, нашите момци убедливо славеа против Јапонија со 38-29.

објавено: 11 јануари 2019 - 17:31

Спортмедиа во Минхе, Марија Ковачева

Среќни за победничкиот старт, но резервирани. Ниту нашите ракометари, ниту пак селекторот Раул Гонзалез не дозволува да го фати еуфорија. Свесни сме за грешките, сите гледаат истите брзо да се корегираат и веќе на следниот меч против Бахреин да се одигра уште подобро. 

„Најпрво честитки за сите, бидејќи игравме одлично на оваа среба. Знаеме дека е прв натпревар, знаевме и за нивниот брз напад, имавме проблеми во одбраната на стартот, но потоа нашиот голман бранеше одлично и се одлепивме. Среќни сме, секогаш е тешко да се почне со победа на Мундијалите, но треба да ја заборавиме брзо и да се посветиме на нашиот втор противник, Бахреин", вели Раул Гонзалес.

Македонија утре е слободна, вториот меч го игра во недела против Бахреин. 

 

Најново во Ракомет