ОДЛИЧНО ОТВОРАЊЕ НА МУНДИЈАЛОТ

„ПУКАМЕ“ ОД СИТЕ СТРАНИ: Македонија со „петка“ на полувреме

Македонија има водство од 13:18 на полувремето со Јапонија во првиот меч од групата Б во Минхен.

објавено: 11 јануари 2019 - 16:12

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Одлично отворање на Светското првенство за Македонија, која по првите триесет минути има водство од пет гола, 13:18 против Јапонија, во групата Б, во Минхен.

Министерот за одбрана, Борко Ристовски на врвот на задачата, со 12 интервенции, нападот е перфектен, „пукаме“ од сите страни.

Единствено останува да ја кренеме одбраната и да ги подзапреме Јапонците за уште поубедливо второ полувреме.

Најново во Ракомет