ПРОМЕНИ ВО ХРВАТСКИОТ ТАБОР

Лино одлучи: Јагањац дома, нов пивот Беќири

Хрватска во првиот меч од второто коло ќе игра против Бразил, а во репрезентацијата е направена една измена

објавено: 18 јануари 2019 - 21:35

Селекторот Лино Червар во пресрет на второто коло на СП во Германија и Данска место Халил Јагањац го повика Кристијан Беќири. Поранешниот ракометар на Металург, Јагањац не конкурираше за настап ни во првиот дел, а Лино процени дека не му треба за втората фаза и го испрати дома.
Новиот играч Беќири веќе го одработи првиот тренинг во Келн. Тој игра на позиција пивот.

Најново во Ракомет