БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊЕ И НА ВТОРАТА СРЕДБА ВО МИНХЕН

Лино не дозволи изненадување, Хрватска го урна тврдиот Исланд

Хрватската репрезентација беше подобра од Исланд во вториот меч од групната фаза во Минхен. 

објавено: 11 јануари 2019 - 19:32

Лино Червар и Хрватска не дозволија кикс на отварањето на Светското првенство, во првото коло го совладаа Исланд со 31-27 пред околу 5.000 публика во „Олимпија хале“. „Коцкестите“ не дојдоа лесно до бодовите, во последните пет минути успеаја целосно да го скршат отпорот на противникот.

Двете репрезентации одиграа одличен натпревар, водството постојано се менуваше, Хрватска на полувремето дојде до пристојна предност од 14-16 која по одморот не ја сочува. Исланд доминираше се до средината на вториот дел, по водството од 24-22 следеше целосен пресврт. 

Степанчиќ со осум гола беше прогласен за играч на натпреварот, два гола помалку имаше Лука Циндриќ. На другата страна Палмерсон имаше седум гола од десет обиди. 

 

Најново во Ракомет