ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН

Лазаров МВП на групната фаза на мундијалот

Групната фаза на СП во знакот на капитенот на македонскиот национален тим.

објавено: 18 јануари 2019 - 11:24

Затоа е Кирил Лазаров еден и единствен!

Капитенот на нашиот национален тим е најкорисниот играч по првата фаза на Светското првенство 2019 во Германија и Данска.

Можеби Македонија не успеја да влезе во најдобрите 12 селекции на светот, но може да се гордееме на десниот бек, кој ја предводеше репрезентацијата во петте дуели во групата Б во Минхен.

Лазаров има најголем број голови и асистенции во досегашниот тек од шампионатот. Тој има 30 погодоци и 25 асистенции во групната фаза и отскокнува со својата статистика пред конкуренцијата.

Зад него е првиот стрелец Микел Хансен кој има 35 гола и 14 асистенции.

Најново во Ракомет