ШПАНИЈА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ СМЕТА НА ГОЛМАНОТ

Коралес под прашалник, Штербик спремен да помогне!

Шпанскиот голман се повреди откако удри во рекламна панелка за време на тренинг

објавено: 18 јануари 2019 - 21:54

Родриго Коралес се повреди на попладневниот тренинг откако удри во ЛЕД рекламна панелка и падна преку неа, а во истата ситуација се повреди и Аитор Арино кој добил само мала расекотина.
„Коралес се жали на болки во коленото. Ќе видиме што ќе биде со него и дали ќе може да помогне. Не можеме сега да кажеме конкретно", изјави шпанскиот доктор.

Шпанија утре игра со Франција, а настапот на голманот на Пари Сен Жермен е под прашалник. Тој имаше 25 одбрани од 78 шутеви кон неговиот гол.

„Фуријата" дури размислува за втората фаза да го повика ветеранот Арпад Штербик на помош, но тоа е крајна опција, само доколку Коралес навистина не може.
Екс-голманот на Вардар беше изненадно повикан и пред една година на ЕП во Хрватска кога Перез де Варгас го повреди коленото во последниот меч од втората фаза. А тој беше извонреден па дури против Шведска ја понесе наградата МВП.

 

Најново во Ракомет