Петте најдобри моменти од вчерашните средби

Карабатиќ се врати и веднаш има ТОП асистенција (ВИДЕО)

Меѓу најдобрите моменти еден е и од дуелот на Македонија и Исланд.

објавено: 18 јануари 2019 - 14:10

ИХФ денеска ги објави петте најдобри моменти од вчерашниот натпреварувачки ден на СП. Меѓу најдобрите моменти еден е и од дуелот на Македонија и Исланд. станува збор за двојната интервенција на голамнот на Исланѓаните, Бјоргвин Густавсон, кој во еден напад успеа да спречи два обиди на нашите ракометари да ја погодат неговата мрежа.

Сепак, најдобриот момент на денот го имаат ракометарите на Франција, Никола Карабатиќ и Лудовик Фабрегас. Карабатиќ само што им се приклучи на „триколорите“ имаше една неверојатна асистенција по која следуваше уште поневеројатен погодок на Фабрегас. 

Најново во Ракомет