ОНИЕ КОИ ПЛАНИРААТ ДА ЈА БОДРАТ МАКЕДОНИЈА

ИНФО ЗА СП: Дневна карта чини речиси колку билетот за сите 15 меча

Македонската репрезентација за четири дена го игра првиот меч на Светското првенство, прв противник е селекцијата на Јапонија. Информациите велат дека нема билети за Јапонија и Бахреин.

објавено: 7 јануари 2019 - 12:45

Од 11 јануари, сите погледи на македонската јавност ќе бидат насочени кон Минхен, поточно салата „Олимпија хале" каде нашите ракометари ја играат групната фаза на Светското првенство. Засега нема информации во колкава бројка ќе дојде „Фалангата“, но не се сомневаме во фановите и нивната желба да им го дадат потребниот ветар во грб на Кирил Лазаров и останатите.

Оние кои планираат да ги бодрат „црвено-жолтите“, а немаат билети ќе мора да побрзаат. Според официјалната страница за карти во слободна продажба засега се достапни само најскапите.

Доколку сакате да ги следите сите 15 меча во нашата група ќе треба да издвоите 396 евра, додека пак дневен билет ќе ве чини 299 евра.

Официјалната страница нуди и „After work“ билети, но само за два натпревари. Еден од нив е дуелот меѓу Шпанија и Македонија (16 јануари), цената на картата е 25 евра. 

Во моментов не можеме да потврдиме дека салата „Олимпија хале" е речиси распродадена, начинот на продажба на он-лајн картите може да се промени.

Македонија првиот меч го игра на 11 јануари, за противник ја има селекцијата на Јапонија, дуелот е закажан со почеток во 15:30 часот.

  

Најново во Ракомет