НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ НА СВЕТОТ ДОАЃА НА МУНДИЈАЛОТ

ФРАНЦИЈА НЕ МОЖЕ БЕЗ НЕГО: Никола Карабатиќ ќе игра на СП

Гласно одекна дека најдобриот ракометар на светот ќе го пропушти СП во Германија и Данска, а уште погласно ќе биде пречекано неговото враќање во репрезентацијата.

објавено: 12 јануари 2019 - 10:00

Никола Карабатиќ и се приклучува на Франција на Светското првенство.

Најдобриот ракометар на светот поради повреда и операција на левото стопало требаше да паузира шест месеци и беше најавено дека ќе го пропушти мундијалот во Германија и Данска, но француските медиуми најавија дека тој ќе и се приклучи на репрезентацијата во Берлин.

По лошото отворање на СП на кое Франција едвај го победи Бразил (24:22) Карабатиќ е повикан на помош.

Тој најверојатно ќе ја пропушти групната фаза и ќе биде во тимот во елиминациите за да и помогне на Франција да ја одбрани круната.

Најново во Ракомет