„Олимпија хале" не е распродадена

Еве за кои дуели на Македонија може да најдете билети

Само за првите две кола од групната фаза во Минхен не може да се најдат билети, за останатите три дена во слободна продажба има дневни карти. 

објавено: 9 јануари 2019 - 16:00

Салата „Олимпија хале" сепак не е целосно распродадена. Ако за првите две кола од групната фаза во Минхен, базата на Македонија, останаа само оние елтините, за последните три дена и натаму може да се најдат карти.

Станува збор за дневните билети, официјалната страница „www.eventim.dе“ во моментов ги нуди по цена од 59 евра, најефтините од 29 и 45 евра, очекувано веќе одамна ги нема. 

„Фалангата“ треба да ја има во доволен број. Од Македонија засега се најавени 250 фанови, дел ќе дојдат од Австрија и секако најголем дел ќе бидат македонските иселеници кои живеат во Германија.

Нашите ракометари веќе се во Минхен, според првичниот план денеска (17 часот) треба да го одржат првиот тренинг.  

Најново во Ракомет