НЕ ПОТЦЕНУВА НИКОЈ, СТРАВУВА И ОД ЈАПОНИЈА

Червар: Македонија ќе биде мотивирана, ќе има повеќе навивачи од Хрватска

Лино Червар и неговите момци пред заминување за Минхен направи мини анализа на противниците, еден од нив е Македонија. 

објавено: 9 јануари 2019 - 09:32

Денеска Минхен и останатите градови домаќини на Светското првенство ќе ги пречекаат земјите учесници. Нашите момци веќе тргнаа кон Германија, се очекува за скоро време да пристигнат на главниот аеродром во баварскиот град, со нив во авион е Хрватска, еден од противниците на Мундијалот.

Иако за нас се фаворити, сепак предводникот на оваа репрезентација, Лино Червар со голема почит гледа кон сите земји. Очекува Македонија да биде мотивирана, но и да има бројна поддршка од трибините. 

„Во нашата група е европскиот првак, Шпанија, но и замји како Јапонија и Бахреин, а особено Јапонија која може да биде „нагазна мина“. Македонија сигурно ќе биде мотивирана и ќе има поголем број навивачи од нас. Сега мислиме само на Исланд, ќе биде тешко, но секако дека ги пратиме и другите противници, како што и они нас не следат“, рече Червар.

Македонија и Хрватска играат во третото коло на СП, поточно на 14 јануари. 

 

Најново во Ракомет