ПОЛИТИЧКИ ОДГОВОР ОД ЕКС-СЕЛЕКТОРОТ

Червар: Ја почитувам Македонија, но понеделник е далеку

Хрватска е еден од најтешките противници на македонската репрезентација на Светското првенство. 

објавено: 11 јануари 2019 - 20:09

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Хрватска и Исланд покажаа дека Раул Гонзалез и неговите избраници ќе мора да се покажат во најдоброто светло досега. Лино Червар и неговите избраници излегоа како победници од оваа средба, искусниот стратег по мечот не криеше дека е среќен, но истовремено предупреди дека не смеат да се залетуваат.

За нас македонските новинари секако најважно е неговото размислување за мечот со Македонија, кој е во рамките на третото коло на Мундијалот.

„Имам голема почит за Македонија, денеска покажа добар ракомет, но понеделник е далеку, нас не чека друг противник“, беше краткиот коментар на Червар. 

Најново во Ракомет