ПОЗНАТ И ВТОРИОТ ФИНАЛИСТ ВО КУПОТ

Скопско финале сред Битола

Металург со 28:21 го победи Еурофарм Работник

објавено: 18 мај 2018 - 21:04

Доминација на скопските екипи во дуелите со екипите од Битола, во полуфиналните средби од ракометниот Куп. Иако завршницата се игра во салата „Младост“ во Битола, домашните клубови беа немоќни. 

Откако во првото полуфинале очекувано Вардар убедливо го победи Пелистер, во вториот дуел, Металург славеше против Еурофарм Работник. Иако се очекуваше домаќините да дадат поголем отпор и да се обидат да се изборат за место во финалето, тимот од Автокоманда одлично го одигра целиот дуел. 

Откако на полувреме Металург имаше 15:11, во вториот дел скопјани успеаа дури и да ја зголемат предноста и на крајот да слават со сигурни 28:21. Со ваквиот расплет на второто полуфинале, Металург си обезбеди финале против големиот фаворит Вардар. 

Најново во Ракомет