Екипата го сочува својот лански состав, со кој ја освои вицешампионската титула, а дополнително се засили со пет ракометарки надвор од клубот, како и со две квалитетни ракометарки од подмладокот.
Нови ракометарки на ЖРК Металург се централниот бек Софтовска Стефани (16), која дојде од редовите на Вардар, левиот бек/центар Георгиевска Мила (16), која дојде од нашиот подмладок, левиот бек Темелковска Тамара (15), која дојде од Кичево, левиот бек/центар Леонида Гичевска (20), која дојде од Вардар, централниот бек Гулицоска Теодора (21), која дојде од Струга, десното крило Кукунешевска Ангела (19), која исто така дојде од Струга и левиот бек/центар Стојановска Михаела (16), која дојде од подмладокот.