ЗАПОЧНА НОВИОТ ДЕН НА СП СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Шок за Австрија, Вардарецот Шишкарев за прва победа на Русите!

После ремито со Србите, руската репрезентација денеска во второто коло на Светското првенство 2019 дојде до првиот триумф и тоа над Кореја (34:27).

објавено: 12 јануари 2019 - 17:12

Најзаслужен за победата беше десното крило на македонскиот шампион Вардар, Данил Шишкарев кој седум пати се запиша во листата на стрелците (7/9). Беше следен од Александр Шкурински кој запиша шест погодоци, Тимур Дибиров имаше три, Глеб Калараш 2, а на спротивната страна по четири гола забележаа Канг и Парк.

Рундата во групата А ќе биде комплетирана со останатите два меча, од 18:15 часот ќе играат Германија-Бразил, а од 20:30 часот Франција се соочува со Србија.

Во групата Ц се случи изненадување, Чиле кој на стартот убедливо загуби од домаќинот Данска, дојде до првата победа и тоа над Австрија (32:24), иако на полувремето имаше негатива од 15:14.

Австријците кои пак во првото коло рутински славеа над Саудиска Арабија, овојпат не ја оправдаа фаворитската улога. Во поразените редови Роберт Вебер беше прв стрелец со шест гола, а најефикасен во јужноамериканскиот претставник беше Ервин Фојчман со девет погодоци. Во другите две средби од второто коло во оваа група се среќаваат: Норвешка-Саудиска Арабија (17:30 ч.) и Данска-Тунис (20:15 ч.)

Најново во Ракомет