„РИБАРИТЕ“ ГИ ОДРЖУВААТ НАДЕЖИТЕ НА МУНДИЈАЛОТ

Сета „лутина“ врз Бахреин, прва радост за Исланд!

Исланд го започна Светското првенство со два порази од најсилните по квалитет репрезентации во групата Б која се игра во Минхен, Хрватска и Шпанија.

објавено: 14 јануари 2019 - 17:06

Исланѓаните на тие мечеви не беа задоволни од тоа како судиите ги водеа тие мечеви, дури и дел од ракометарите иронично си поставуваа прашање, па дали се навистина променети ракометните правила? „Рибарите" сега немаат право на грешка, тие се и можеби наш најголем ривал за тоа евентуално трето место во групата кое води во следната фаза.

Денеска ја оправдаа фаворитската улога славејќи против селекцијата на Бахреин со резултат 36:18 (16:10), непогрешлив во победничките редови беше Тор Гунарсон со осум голови (8/8).

Исланд сигурно до крајот на групната фаза ќе се бори за таа трета позиција, а да потсетиме вечерва од 18:00 часот Македонија игра исто така важен меч со Хрватска, а се очекува Шпанците да го верификуваат пласманот во главната рунда против Јапонија (20:30 ч.)

Во останатите денешни попладневни средби, во рамките од групата А Србите направија нов чекор назад со поразот од Бразил (22:24), голманот на Вардар, Милосављев направи се што можеше неговата селекција да остане непоразена на оваа пресметка, но недоволни беа неговите 11 одбрани.

Потоа во групата Ц прва радост и за Тунис кој беше подобар од Чиле (36:30), додека Унгарија дојде и до втората мундијалска победа над Катар (32:26).

Најново во Ракомет