СЕХА ДОБИВА УНГАРСКИ ИЛИ ПОЛСКИ ШМЕК

Веспрем и Пик Сегед прва опција, Висла и Келце „златна резерва“

По една година пауза, Веспрем повторно може да се врати во регионалното натпреварување, овој пат со својот најголем конкурент во унгарското првенство, Пик Сегед. 

објавено: 15 април 2018 - 13:58

СЕХА-лигата дефинитивно следната сезона ќе брои 12 екипи. Целата на челниците на регионалното натпреварување е бројот на мечеви да биде намален (тимовите ќе биде поделени во две групи), а квалитетот да се подигне на уште поголемо ниво. 

Претседателот на СЕХА Михајло Михајловски откри дека четири екипи се во игра за влез во лигата. Прва опција се Веспрем, кој по пауза од една сезона би можел да се врати, а заедно во пакет со него оди неговиот најголем конкурент во унгарското првенство, Пик Сегед. Преговорите со челниците на два клуба веќе се почнати.

Доколку нешто тргне наопаку, ревервна опција е „пакетот“ од Полска, Висла Плоцк и Келце. 

Најново во Ракомет