ВИЦЕПРВАКОТ СО ДВЕТТИ ПОРАЗ ВО СЕХА-ЛИГА

Вардаровиот храм не им донесе среќа на „металурзите“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург не успеа да приреди сензација, во СЦ „Јане Сандански“ беше поразен од Мешков Брест со 28-34 во регионалното натпреварување. 

објавено: 9 декември 2018 - 18:55

Салата „Јане Сандански“ во која Вардар ги добива речиси сите големи имиња, одново не им донесе среќа на ракометарите на Металург, кои прунудно мораа да се преселат од СЦ „Борис Трајковски“. Македонскиот вицепрвак го запиша деветтиот пораз, беше совладан од Мешков Брест со 28-34.

Белорускиот тим доминираше во текот на целиот натпревар, по 4-5 поведе со 4-8 во 15. минута. Металург дојде на 9-10 во 22. минута, но на полувремето гостите имаа плус три 13-16. По одморот не се промени ништо на теренот, избраниците на Данило Брестовац постојано се обидуваа да се фатат приклучок, но немаа решение за бековите на Мешков. На стартот на второто полувреме бепе 15-20, а потоа гостите дојдоа на 26-33 на две минути до крајот. 

Пучник со осум гола од 11 обиди беше најефикасен кај Металург, каде голманскиот тандем Томовски и Даниловски имаше по пет интервенции. Кај Мешков Ивиќ и Џорџиќ постигна 20 погодоци. 

 

Најново во Ракомет