СОВЛАДАН Е ТАТРАН ПРЕШОВ

Вардар и кога не блеска победува (ФОТО)

Вардар го совлада Татртан Прешов со 23-21 во последниот меч за оваа година. 

објавено: 12 декември 2018 - 21:45

Мечот на колото меѓу Вардар и Татран Прешов во СЕХА-лигата ги исполни сите очекувања. Онаа мала публика која дојде во СЦ „Јане Сандански“ да ги поддржи „црвено-црните“ момци на последниот меч за оваа година беше сведок на неизвесна, но не и квалитетна битка. 

Роберто Гарсија Парондо и на овој меч не сметаше на услугите на Тимур Дибиров, кој поради проблем со мускулот доби поштеда. Ова не беше пречка за нова победа во регионалното натпреварување од 23-21. 

Ниту една од двете екипи не поведе со повеќе од два гола, Татран Прешов до 25. минута одржуваше водство од еден гол (8-9). Карачиќ , Кристопанс и Недановски направија серија од 3-0 за 11-9, првото највисоко водство на Вардар. Во продолжение одново се играше неизвесно, се до 51. минута кога македонскиот тим се искачи на 20-17, позитива која ја имаше до самиот крај.

Игор Карачиќ со шест погодоци беше прв стрелец.

Вардар во последното коло за оваа година му гостува на Стеуа Букурешт, мечот се игра во понеделник. 

Најново во Ракомет