НЕМА НОВА ПОБЕДА ЗА ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА

Стеауа со втор состав и само со 10 ракометари го победи Металург

Македонскиот вицепрвак не успеа да дојде до нова победа, на домашен терен загуби од Стеауа Букурешт 28-29.

објавено: 7 ноември 2018 - 18:50

Македонскиот вицепрвак не успеа да дојде до нова победа, на домашен терен загуби од Стеауа Букурешт 28-29 за шестти пораз во СЕХА-лигата. 

Александер Шпенде со шест гола од десет обиди беше прв стрелец, четири погодоци имаше Шилегов. 

Данило Брестовац одлучи да ги одмори Димитриоски, Серафимов и Лазаревски пред утрешниот дуел со Спортинг Лисабон во рамките на Лигата на шампионоте, додека на другата страна романскиот тим во Скопје допатува само до десет играчи.

Првото полувреме мина неизвесно, ниту еден од двата тима немаше поголема предност од два гола. Металург имаше позитива од 6-4 и 9-7 во 16. минута, додека гостите во 22. минута за првпат поведоа со 9-11. Избраниците на Брестовац пред крајот со головите на Шилегов и Миличевиќ на одморот заминаа со 15-13.

Стеауа Букурешт во 38. минута одново се искачи на плус два 16-18, по што се играше гол за гол. Во 27. минута при 27-28 Металург не искористи напад за изедначување, на другата страна стигна казна Јохансон зголеми на 27-29.

Токиќ реализираше во вистинско време, Даниловски на другата страна ја запиша 12. интервенција, но неговиот тим не успеа да се избори за реми.

Ракометарите немаат време за тагување, ниту за одмор, утре во СЦ „Борис Трајковски“ гостува Спортинг Лисабон во меч од елитното натпреварување. 

Најново во Ракомет