ИМА САМО 17 ГОДИНИ

Сите аплаузи одат за феноменалниот Кизиќ

„Дека на ова ниво ќе бранам, не може да очекуваш, може само да се подготвуваш", рече Кизиќ по мечот.

објавено: 5 декември 2018 - 22:06

На голот на Вардар вечерва не застана Дејан Милосављев, а во составот не беше ниту Калифа Гедбан, но тоа не можеше да се почувствува во играта, бидејќи младиот Марко Кизиќ беше феноменален.

17-годишниот чувар на мрежата на македонскиот првак средбата ја заврши со 14 интервенции од кои два седмерци. Кизиќ во одлучувачките моменти, заедно со Кристипанс беа творци на минималната победа на Вардар. 

Парондо за првпат сезонава цел меч му го довери голот на големата надеж на македонскиот ракомет. Одлуката беше правилна. 

„Секогаш кога играме со Металург натпреварот е потежок. Тие исто така играа без притисок, а ние имавме улога на фаворит, па игравме со малку повеќе притисок. Имавме малку повеќе експерименти во составот, шанса добивме ние помладите. Беше договорено дека треба да почнам јас. Дека на ова ниво ќе бранам, не може да очекуваш, може само да се подготвуваш“, рече Кизиќ по мечот. 

Коментар за одличното издание на вардаровиот голман иамше и Данило Брестовац. 

„Кизиќ одлично ги познава нашите ракометари, цело лето работеше со дел од нив во кадетска, со дел во младинска репрезентација. Така што, беше резонски што почна, добар тренерски потег. А неговиот настап не ме изненадува. Тој е многу талентиран голман, кого го гледам во А-репрезентација. Уште сега можеби е рано, но во иднина сигурно. Дотогаш треба работа, тоа е еден долг процес“.  

Најново во Ракомет