ЦЕЛТА Е ОСТВАРЕНА, ВАРДАР НЕ ГО ДАВА ВРВОТ

Парондо: На крајот, најважна е победата

Македонскиот и регионален првак, Вардар остана на лидерското место во СЕХА-лигата и по 12. коло. 

објавено: 12 декември 2018 - 22:18

Македонскиот и регионален првак, Вардар остана на лидерското место во СЕХА-лигата и по 12. коло. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо не блескаа против Татран Прешов, но и во една таква игра успеаја да дојдат до важни бодови. Шпанскиот стратег има голем број на замерки, но како што вели самиот, на крајот најважна е победата, а останатото ќе се корегира.

„Им благодариме на Прешов што одиграа одличен меч, фановите во сала и оние пред ТВ можеа да уживаат. Во првото полувреме не беше толку добро, фалеше интезитет и фокус во мечот, се подобривме во второто полувреме. Двајца играчи кои играа во одбрана се повредија. Сепак на крајот најважна е победата“, изјави Парондо. 

Во последното коло од оваа година, Вардар и гостува на Стеауа Букурешт. 

 

Најново во Ракомет