ДОБРА АТМОСФЕРА ПОСАКУВААТ И ДВАТА ТИМА

Парондо: Дуелот со Металург е повеќе од обичен меч

Металург и Вардар вечерва (20:15 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ ќе ги одмерат силите во втората регионална пресметка сезонава. 

објавено: 5 декември 2018 - 12:00

Без разлика со какви сили располагаат и двата тима, дуелот меѓу Металург и Вардар секогаш е интересен за гледање. Традицијата е на страна на Вардар. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо имаат седум победи, додека пак тимот од Автокоманда само еднаш се радувал, еден меч завршил без победник.

Македонскиот и регионален првак нема да се штеди, победа значи враќање на врвот на табелата, на другата страна на „металурзите“ им е потреба „инјекција“ за враќање на самодовербата.

Покрај триумфот, заедничка желба на двата тима е полна сала и добра атмосфера. 

„На дерби мечевите се е можно. А дуелот со Металург е повеќе од обичен меч. Очекуваме добра атмостфера, се надеваме дека навивачите ќе ужуваат. Добро е што Скопје има два добри тима“, рече Парондо пред мечот. 

Еден од најдобрите ракометари на Вардар од дуелот со Келце, Данис Кристопанс најави дека целта е победа во добра атмосфера. 

„Нашата цел е иста како и на секој претходен меч, да пружиме добра партија и на фановите да им ја подариме победата која ја очекуваат. Секогаш се трудиме да одуграме најдобро и да дојдеме до триумф. Дуелот со Металург нема да биде ништо поразличен“.

 

 

Најново во Ракомет