СТРАТЕГОТ НА ТАТРАН ПРЕШОВ ИСКРЕН

Голужа: Жалам што не ја искористивме лошата форма на Вардар

Татран Прешов едно од најголемите изненадувања во СЕХА-лигата од Скопје си замина со пораз од 23-21. 

објавено: 12 декември 2018 - 22:11

Татран Прешов едно од најголемите изненадувања во СЕХА-лигата од Скопје си замина со пораз од 23-21. Од таборот на гостинскиот тим жалат што пропуштиле шанса против слаб Вардар. 

„Подобро екипа, подобро одиграа. Знаевме дека Вардар не смее да се разигра, голем дел од мечот успеавме да не му го дозволиме тоа, но натпреварот се игра 60. минути. Во второто полувреме загубивме три топки, против македонскиот првак тоа не е дозволивме. Јас дојдов во Скопје да победа, жал ми е што не ја искористивме лошата форма на Вардар. Жал ми е бидејќи се подготвувавме долго време, горд сум на моите момци, покажаа карактер“, рече по мечот Голужа. 

 

Најново во Ракомет