РЕГИОНАЛНОТО НАТПРЕВАРУВАЊЕ СЕ СООЧУВА СО ПРОБЛЕМИ

ГОЛЕМ УДАР ЗА СЕХА: Веспрем и Целје откажаа „љубов“

Веспрем нема да се врати во СЕХА-лигата, проблем за унгарскиот тим е стариот систем на натпреварување. По Горење Велење, во регионалното натпреварување, нема да биде ниту Целје. 

објавено: 25 јули 2018 - 11:08

СЕХА-лига се соочува со големи проблеми. По Горење Велење дружба на регионалното натпреварување откажаа Веспрем и Целје. 

Иако имаа начелен договор дека системот на натпреварување ќе се промени и ќе се игра во две групи, сепак тоа најверојатно нема да се случи, ова било потврдено на состаноците кои ги имале, двата словенечки претставници Целје и Горење Велење. Тие се откажаа од СЕХА-лигата (поради враќање на регуларен систем на натпреварување во домашното првенство), што значи дека нема да има промена во форматот на СЕХА, односно и сезонава ќе игра лига систем и фајнл-фор.

Ваквиот изглед не им одговара на Веспрем, кој што настапува и во Лигата на шампионите, како и во националното првенство и во Купот, а учество во регионалното натпреварување дополнително ќе го оптовари нивниот календар. 

 

Најново во Ракомет