ВАРДАР БЕЗ ГЛАВНИТЕ ВО БРЕСТ

Црвенкоска: Ќе биде тешко, Мешков дома секогаш игра со првиот тим

Македонскиот шампион со комбиниран состав, без најдобрите ќе влезе на еден од двата дуели со Мешков Брест. 

објавено: 30 октомври 2018 - 13:30

Вардар и Мешков Брест во само пет дена двапати ќе ги одмерат силите, денеска во рамките на СЕХА-лигата, во сабота во Лигата на шампионите. Од таборот на македонскиот првак, очекувано одлучија силите да ги чуваат за мечот од елитното натпреварување, па во Брест отпатуваа без најдобрите.

Шанса ќе добијат оние што помалку играат и оние од вториот тим на Вардар јуниор, а на „кормилото“ ќе застане Билјана Црвенкоска, Роберто Гарсија Парондо и останатите момци останаа во Скопје.

„Мешков има одличен тим и квалитетни играчи на секоја позиција. Речиси секогаш кога играат дома настапуваат со првиот тим, токму затоа нема да биде лесно“, изјави Билјана Црвенкоска.

Вардар во Брест ќе настапи во следниот состав: Јања Војводиќ, Владо Недановски, Мартин Поповски, Марко Мишевски, Марко Кизиќ, Калифа Гедбан, Стефан Атанасовски, Давид Гашовски, Стефан Крстевски, Дејан Кукуловски и Мартин Димов.

По шест одиграни натпревари во регионалното натпреварување, „црвено-црните“ имаат пет победи и еден пораз. 

 

Најново во Ракомет