УШТЕ ЕДНАШ ЈА „СПУШТИ РОЛЕТНАТА"...

Арпад Штербик: Со Брест никогаш не се знае ништо, а сеедно ми е против кого ќе играме во финалето...

И дуелот против Брест Мешков, екипата на Вардар покажа дека ретко кој може да им застане на патот, особено кога се игра некој меч во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.

објавено: 13 април 2018 - 20:01

И дуелот против Брест Мешков покажа дека ретко која екипа може да му застане на патот на Вардар кога се игра некој меч во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.

Убедливиот триумф од 33:24 го потврди тоа. А Арпад Штербик покажа зошто е голем голман и во овој полуфинале дуел од СЕХА лигата.

„Јас мислам дека сме на местото каде што треба да бидеме и кое го очекувавме. Пред овој натпревар, месец дена бевме без вистински мечеви, и вистинска среќа е што почна македонската лига и малку да влеземе во форма. Затоа го дочекавме овој натпревар и се виде дека не игравме перфектно, но со желба да влеземе во вистинска форма Сепак, беше серизен меч, со Брест никогаш не се знае ништо. Сакаат да играат, без оглед на тоа што губат ваму, губат таму, знаат да изненадат. Па така без оглед на тоа што имаат повредени играчи, секогаш Брест е една сериозна екипа. Затоа и влеговме со желба да ги победиме, и излеговме со позитивен резултат"- рече првиот голман на европскиот првак и бранителот на трофејот во регионалното натпреварување.

Цеље или Загреб во финалето, што е подобра опција за Вардар?

„Не знам, сеедно ми е. Никогаш не сум чекал некого кога сме играле во финалето. Против кого да играме, ќе биде тешко. Сите очекуваат да добиеме ние, особено кога играме тука. Сега треба добро да се одмориме, да го дочекаме противникот, и тоа е тоа"- искоментира веројатно и најдобриот голман на денешницата.

 

Најново во Ракомет