ШПАНСКИОТ СЕЛЕКТОР ВО ПРЕСРЕТ НА УТРЕШНАТА СРЕДБА

РИБЕРА: Мора да внимаваме, Македонија игра многу тактички!

„Црвената фурија" со третиот мундијалски триумф над Јапонија, иако не така изразен со убедлива разлика, практично го „верификуваше пласманот" во главната рунда.

објавено: 15 јануари 2019 - 10:00

Нов ден за одмор, уште една можност за селекторот да направат додатни анализи што и каде треба да се поправат нивните играчи во пресрет на последните клучни средби во групната фаза.

Така размислува и Жорди Рибера, селекторот на Шпанија која ни е следниот противник во Минхен в среда од 20:30 часот.

„Свесни дека не игравме најдобро против Јапонија. Не очекувавме таква тешка одбрана од страна на Јапонците кои многу добро се развиваат како ракометари на чело со Сигурдсон, и не ни беше лесно да најдеме решенија во нашите напади. Сега е време да се одмориме и размислуваме за последните два натпревари кои се важни за нас против Македонија и Хрватска." на селекторот на Шпанија, Жорди Рибера.

Смета дека неговата репрезентација мора да има подобрена верзија на дуелите со Македонија и Хрватска на кои ќе бара исто така важни бодови.

„Сега ќе играме против две репрезентации со многу алтернативен стил на игра, кои играат со седум ракометари во нападот, „7 на 6". Тие се едни многу тактички репрезентации, и затоа мораме да бидеме внимателни, максимално да се подготвиме. Одбраната мора да ни биде подобра, ако тоа го направиме, ќе имаме шанса да реализираме од контри", додаде Рибера.

Најново во Ракомет